Дома Фудбал На Англија тоа не и се случило никогаш во историјата

На Англија тоа не и се случило никогаш во историјата

Фудбалската репрезентација на Сенегал испиша нова историја во пријателскиот натпревар на стадионот “Сити Граунд” во Нотингем – станувајќи првата африканска екипа што ја совладала Англија по 22 последователни средби, славејќи со убедливи 3:1.

За Сенегал головите ги постигнаа Исмаила Сар, Хабиб Дијара и Шеих Сабали, додека Хари Кејн го донесе раното водство за Англичаните уште во 7-мата минута, по грешката на голманот Едуард Менди, кој ја испушти топката по ударот на Антони Гордон.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, Сенегал прво израмни во 40-тата минута, кога Сар го искористи невниманието на Кајл Вокер и ја испрати топката во мрежата. Дијара во 62-ра минута ја зголеми предноста, а Сабали го потврди триумфот. Во меѓувреме, Џуд Белингем постигна гол кој беше поништен поради играње со рака во акцијата што му претходеше.

Англија го заврши натпреварот со свирежи на домашната публика, а поразот беше првиот под водството на Томас Тухел, кој неодамна ја презеде раководната функција и до сега имаше три натпревари без пораз.

Немавме доволно добар настап. Имавме свои моменти, но , едноставно не функциониравме како тим. Ја изгубивме онаа агресивност што ја имавме порано – изјави капитенот Хари Кејн за ITV.

Англија против Сенегал излезе со дури 10 промени споредено со претходната победа над Андора (1:0) во квалификациите за Светското првенство. И покрај раното водство, не успеаја да се соочат со разиграниот противник кој имаше дури девет удари во рамките на голот, наспроти четири на домашните.

Тухел беше самокритичен по завршувањето на натпреварот:

Резултатот е разочарувачки. Можеби заслуживме повеќе, но делувавме “замрзнати”, неактивни. Примивме два многу наивни гола. Подоцна реакцијата беше добра, игравме поослободено и агресивно, но тоа не беше доволно – рече германскиот стручњак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Германија потврдија дека Милер ќе игра во МЛС

Баерн Минхен, Томас Милер, потврди дека ќе игра во американската Мејџор лига Сокер, соопшт…