Роберт Кармона (62), официјално најстариот фудбалер во светот, е во потрага по 50-тиот клуб откако му истече договорот со тимот Нуево Касабо во Уругвај.
Кармона е признат како најстар фудбалер во светот од страна на Гинисовата книга на рекорди, каде што се води како апсолутен рекордер. Но, иако е веќе долго во познати фудбалерски години, овој Уругваец нема намера да застане.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Пред неколку дена го напушти уругвајскиот четвртолигаш Нуево Касабо и активно бара нов клуб.
“Ќе биде многу тешко некој да го повтори мојот подвиг како најстар фудбалер во светот, речиси невозможно. Имаше оние кои некогаш беа најстари, а сега гледаме дека се пензионираа значително помлади од мене”, рече Кармона.
Овој 62-годишен Уругваец ја започна својата кариера во далечната 1976 година. На клубот што сака да го донесе, му гарантира дека е “сличен на Кристијано Роналдо по професионализам”.
Во интервју за уругвајски медиуми ја откри тајната на својата долговечност. Истакнува дека тренингот е клуч на неговиот рекорден потфат.
👀 Robert Carmona foi considerado pelo livro de recordes do Guiness o jogador mais velho da história do futebol
— Record (@Record_Portugal) January 17, 2025
👉 Sabe tudo aqui: https://t.co/exeh5HTreA pic.twitter.com/4zEpHewoDi
“Уште како дете знаев дека имам способности да станам одличен фудбалер. Секогаш велев дека една од најважните работи за успех е тренингот. Затоа веќе 49 години тоа го правам секој ден. Секојдневно тренирам два до три часа и шест дена во неделата. Сличен сум на Роналдо по професионализам”, откри Кармона.
Додаде и дека последниве години игра фудбал без договор, му е потребен само договор со клубот. Парите му не се потребни.
“Иако основната плата не ми е доволна за живот, имам други извори на приходи кои се однесуваат на спортски права и учество на настани. Во животот сум одиграл повеќе од 2.000 натпревари, а на почетокот на новата година ги анализирам опциите што ги имам. Сé уште можам да играм 90 минути како што играв во 95 проценти од својата кариера”, додаде.