Дома Фудбал Најскапиот Англичанец на сите времиња од Сити во Јунајтед? Се подготвува шокантен трансфер

Најскапиот Англичанец на сите времиња од Сити во Јунајтед? Се подготвува шокантен трансфер

Трансферот кој го донесе Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити во 2021 година и понатаму е седми најголем трансфер во историјата. Сити го доведе Грилиш за 117 милиони евра, а потоа со негова помош стана победник во Лигата на шампионите и додаде три трофеи во Премиер лигата. Левото крило повеќе не е во плановите на Пеп Гвардиола за составување тим од првата минута.

Тој сезонава само двапати одигра цел натпревар во англиската Премиер лига, а на последните четири натпревари, двапати беше на клупата, еднаш одигра шест минути, а другиот пат 27 минути. Неговата иднина во Сити е неизвесна“, пишува Дејли Мејл, додавајќи дека Гралиш е интересен за градскиот ривал Јунајтед. Можниот трансфер е опишан како „шокантен“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Го сакам Џек како што беше кога ја освоивме тројната круна. Се обидувам да бидам искрен со себе во врска со тоа. Савињо е во подобра форма и работи подобро од него. Затоа тој игра, изјави неодамна тренерот на тимот Пеп Гвардиола за својата ѕвезда, која е под договор до летото 2027 година.

Последниот играч кој директно го замени дресот на еден клуб од Манчестер за друг беше Карлос Тевез, кој пристигна во Сити од Јунајтед во 2009 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доминација на ПСЖ во идеалниот тим на FIFPRO за годината, Јамал го подобри рекордот на Мбапе

FIFPRO го објави идеалниот состав од 11 фудбалери за 2025 година, избрани од листата од вк…