Дома Фудбал Најдобрите стрелци во ЛШ: На врвот големо изненадување

Најдобрите стрелци во ЛШ: На врвот големо изненадување

Заврши плејофот за осминафиналето на Лига на шампиони и ги добивме сите 16 екипи кои ќе се натпреваруваат во нокаут фазата.

Најдобрите од групната фаза на елитното натпреварување одмораа, додека два натпревари повеќе поради баражот за продолжување на натпреварувањето одиграа Реал Мадрид, ПСВ, ПСЖ, Клуб Бриж, Бенфика, Баерн, Феенорд и Борусија Дортмунд. Со ждрепка во петок ќе дознаеме против кои екипи ќе се борат овие тимови за четвртфинале.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Многу нешта се изненадувачки за време на досегашниот тек на Лига на шампиони, започнувајќи од тоа колку новиот систем на натпреварување им се допадна на јавноста. Донесе многу повеќе неизвесност и возбуда. Беше турбулентно, но освежувачко.

Исто така, изненадување е и врвот на листата на стрелци, бидејќи колоната ја предводи никој друг туку напаѓачот на Борусија Гирасии, кој стигна до 10 погодоци. Сепак, листата на стрелци не е најрамноправна бидејќи не сите тимови и играчи одиграа ист број натпревари.

По Гирасии следат Роберт Левандовски со девет погодоци, Ерлинг Халанд кој се застана на осум колку што има и Рафиња. Потоа, по седум гола постигнаа Вангелос Павлидис, Килијан Мбапе, Хари Кејн и Винисиус Жуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија се бори против расизмот, а еден клуб предложи неверојатна идеја: Се да биде решено со – црвен картон!

Поранешниот шпански прволигаш, екипата Малага, смисли една посебна идеја, која ќе ја предл…