Дома Останати Кошарка Најдобриот кошаркар во Евролигата не сака повеќе да игра за Бугарија, познато во која репрезентација ќе продолжи

Најдобриот кошаркар во Евролигата не сака повеќе да игра за Бугарија, познато во која репрезентација ќе продолжи

Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрезентацијата на Кипар.

Имено, Кипар кој е еден од домаќините на следниот Евробаскет го посакува Везенков во своите редови. Минатата сезона овој кошаркар настапуваше во редовите на Сакраменто од каде што пристигна во Олимпијакос каде што одлично се снајде.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Кипар сакаат одлично да се претстават на домашен терен и претходно го обезбеди Мозес Рајт кој исто така настапува за Олимпијакос. Везенков веќе го носеше дресот на Бугарија, но според правилникот на ФИБА има можност да ја промени земјата.

ФИБА дозволува промена на репрезентациите во одредени случаи во кои ќе процени дека со преселбата во новата репрезентација кошаркарот може да придонесе за развојот на кошарката во таа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шенѓун ги „пецна“ Грците со една од најголемите трагедии (Фото)

Турскиот кошаркар Алперен Шенѓун по полуфиналната победа над Грција и пласманот на неговат…