
Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дајана Таурази, шесткратна освојувачка на златно олимписко одличје и кошаркарка со најмногу постигнати кошеви во историјата на ВНБА лигата, официјално објави крај на својата кариера. Таурази сите свои 20 години кариера ги помина во ВНБА настапувајќи за Феникс Меркјури, со кој освои три титули шампион (2007, 2009, 2014), а двапати беше МВП во финалето.
Исто така, Таурази пет пати во кариерата ја предводеше лигата по просечен број на постигнати поени во кариера. Вкупно постигна 10.646 кошеви, што е речиси 3000 повеќе од втората на листата на сите времиња, Тина Чарлс. Таурази со репрезентацијата на САД освои шест последователни олимписки злата, последното пред половина година во Париз, иако за време на тој турнир имаше незначителна минутажа.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Таурази се смета за најдобра кошаркарка на сите времиња. Никој нема повеќе олимписки медали од неа, ни меѓу кошаркарките ни меѓу кошаркарите. Освен успехите на Олимписките игри и во ВНБА лигата, настапуваше и за европските клубови Спартак Москва, Фенербахче и Галатасарај.
Освои шест Евролиги, седум руски првенства и еднаш турската лига. фантастична беше и на универзитетот Конектикат, со кој освои три шампионски титули и две награди за најдобра играчка на сезоната.