Саутемптон вчера пред своите навивачи со минимални 1:0 го совлада Тотенхем.
Ингс им пресуди на гостите, а свое шоу имаше Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо доби жолт картон поради „шпиунирање“ на тактиката на колегата, а жестоко протестираше поради некористењето на ВАР во една ситуација. Португалцот сметаше дека Деле Али е фаулиран во казнетиот простор, меѓутоа ВАР не се огласи.
„Судиите повеќе не се судии. ВАР би требало да го промени името, тоа не е повеќе видео асистент, туку судија. Всушност, тие кои се натеренот е асистенти“, изјави Мурињо.
Посебно лут беше поради една спорна ситуација.
„ВАР ги носи најважните одлуки. Требаше да има пенал, но ВАР не се користеше и немаше ништо“.
Тотенхем во овој момент се наоѓа на шестата позиција во Премиер лигата со 30 освоени бодови, еден помалку во однос на петтопласираниот Манчестер Јунајтед.