Дома Фудбал Останато Mурињо никогаш нема да го заборави гестот на Гвардиола од 2017 година

Mурињо никогаш нема да го заборави гестот на Гвардиола од 2017 година

Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола долги години се ривали на клупата. Некогаш беа во Шпанија, денес во Англија.

Мурињо и Гвардиола повторно ќе се сретнат денес во дуелот на Манчестер Сити и Тотенхем.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Нивниот однос во последните години е подигнат на ниво погоре, а Жозе не го заборава гестот на Гвардиола од 2017 година.

„Јас припаѓам на генерација тренери кои мислат дека она што се случува во текот на натпреварот таму и останува. Имам само добри спомени и чувства кон Пеп. Постојат моменти кои не се забораваат. Никогаш нема да го заборавам неговиот гест од 2017 година кога почина мојот татко. Пеп знаеше колку ми беше важен и ме побара. Кога почина неговата мајка јас го побарав“, раскажа Мурињо.

Инаку, Мурињо и Гвардиола соработуваа неколку години во Барселона кога Португалецот беше асистент на Боби Робсон и Луис Ван Гал, додека Шпанецот го носеше дресот на каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го сакаат Реал Мадрид и Барселона, но тој сака во Англија

Само три месеци по неговото пристигнување во Леванте, иднината на Карл Ета Ејонг веќе прем…