Дома Топ вести Mурињо главен „виновник“ Јунајтед купува во Мадрид?!

Mурињо главен „виновник“ Јунајтед купува во Мадрид?!

Реномираниот шпански медиуми, „Дон Балон“ пренесува за интересен трансфер кој би можел да биде реализиран наскоро на релација Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед.

Хрватскиот фудбалер од средината на теренот, Матео Ковачиќ би можел да го напушти Реал Мадрид, а како наредна дестинација се споменува клубот од „Олд Трафорд“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што наведува шпанскиот медиум човек на одлука во овој трансфер би бил Жозе Мурињо кој наводно е голем фан на Хрватот.

Мурињо е спремен да му понуди на Хрватот да се врати во натпреварувачкиот ритам кој го изгуби при губењето на местото во првиот тим на Реал Мадрид.

Ковачиќ оваа сезона запиша 11 настапи за тимот на Зинедин Зидан, што сигурно не ги задоволува неговите апетити. Покрај тоа беше мета на жестоки критики поради неговото бледо издание во „Ел Класико“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…