Тимот на Манчестер Јунајтед ги поминува најлошите денови од кога на клупата е Жозе Мурињо и на големо се пишува дека наскоро Португалецот би можел да биде отпуштен.
Покрај лошите резултати во центарот на вниманието е конфликтот на Погба и Мурињо, после ситуацијата на тренингот неодамна јасно е дека Португалецот и Французинот не се во добри односи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, сега на Островот се појави и информација дека Мурињо е во судир и со Маркус Рашофорд. Наводно конфликтот на Мурињо настанал во натпреварот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс.
На тој натпревар Рашфрод беше заменет во 60-татата минута, додека проблемот бил во тоа што фудбалерот не сакал да ги слуша инструкциите на тренерите за редовното загревање. Во тој момент, наводно стратегот на Јунајтед му порачал на Рашфорд дека не е важен како што тој мисли.
Треба да се спомене и дека Рашфорд беше незадоволен и поради статусот на резервист на фудбалерот на стартот од сезоната.