Дома Топ вести Mихајловски: Најавувам повлекување, но ќе бидам тука додека се не биде „чисто“!

Mихајловски: Најавувам повлекување, но ќе бидам тука додека се не биде „чисто“!

Претседателот Михајловски на дешената прес-конференција најави дека ќе се повлече, но тогаш кога Вардар ќе биде дефинитивно спасен.

Михајловски најави дека сака да го остави Вардар на здрави нозе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ќе продолжиме да работиме за доброто на Вардар не сакам овој клуб да дојде во ситуација како фудбалскиот или „не дај боже“ како Македонија Ѓорче Петров кој згасна после Трифун Костовски. Сакаме да се претставиме во добро светло дома и во СЕХА лига каде што сигурно ќе играме“.

Ваква замисла Михајловски имал уште пред одлуката на ЕХФ.

„И пред да се случи со ова со ЕХФ јас си правев некоја своја замисла, сакав да се повлечам од клубот бидејќи сум инвловиран во многу работи имам и семејство. Веќе имам и 75 години, сакав да најдам и некој кој ќе ме замени. Јас најавувам оставка, но сакам прво да се исчистат сите долгови, со изјави од сите играчи дека немаат побарувања од клубот. Испративме писма и до 37 компании кои сметаме дека можат да помогнат.

„Повторно испраќам апел до Владата, до градот…Да го помогнат клубот со цел Вардар да застане на здрави финансиски нозе. Сакам Вардар да нема долгови и ќе бидам тука додека се најдат спонзори и да се расчисти со „стариот Вардар“, така Вардар да продолжи да има светла иднина. Светла иднина значи да играме во Европа каде што ни е местото, пласман во 8 најдобри е успех. Реално освојување на европска титула во овој момент е многу, многу далеку“, изјави Михајловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…