Дома Останати Ракомет Mитревски: Не блескавме, но најважно е што победивме против Вардар

Mитревски: Не блескавме, но најважно е што победивме против Вардар

Никола Митревски кога беше најпотребно беше одличен на голот на Порто и даде голем придонес во победата на португалскиот тим против Вардар (27:24).

Македонскиот голман по натпреварот истакна дека Порто не бил на нивото, но најважно е што успеале да победат.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Нашите играчи беа уморни, воопшто не е лесно да се игра толку долго 7 на 6. Сепак, најважно е што победивме. Одработивме неколку тренинзи заедно и тешко беше да се подготвиме за тим како Вардар. Како што кажав, најважно е што победивме. Во наредните натпревар ќе мораме да ја поправиме играта“, изјави Митревски.

Вардар во следниот натпревар гостува кај ПСЖ, додека Порто ќе игра исто така на гости против Киелце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

По Вардар на односот на Алкалоид се пожали и – Пелистер!

По реакцијата на Вардар на жалбата на Алкалоид, сега се односот на клубот од Автокоманда с…