Дома Фудбал Репрезентации Mилевски повторно преживеа: ФФМ нема да му го раскине договорот

Mилевски повторно преживеа: ФФМ нема да му го раскине договорот

Иако се најавуваше смена на селекторската позиција, Благоја Милевски ќе ја води Македонија до крајот на квалификациите за Европското првенство.

Ваква беше денешната одлука на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Останувањето на Милевски на клупата беше доведено поради бројните критики од јавноста за лошата игра и резултати во последниот период, но федерацијата одлучи да не го раскине договорот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Милевски завршува со завршувањето на евроквалификациите наредната година, па тогаш ќе се одлучува дали ќе му биде понуден нов договор.

Одлуката на Управниот одбор Милевски да остане селектор значи и дека капитенот Стефан Ристовски сигурно нема да го имаме на располагање во наредниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…