Екипата на Милан ова лето е една од најактивните на трансфер пазарот и веќе успеаа да обезбедат четири засилувања, а на добар пат е и да го завршат петото.
Во прашање е Емил Форсберг кој беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на Лајпцинг во Лигата на шампионите.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Форсберг на 30 натпревар запиша 19 асистенции и во таа категорија беше најдобар во Бундеслигата.
Проблем би можел да настане единствено околу оштетата. Германците бараат 25 милиони евра, додека Милан не е подготвен да плати толку. Но, агентот на фудбалерот, Хасан Џетинакаја верува дека Лајпцинг ќе попушти.
„Тој даде многу за Лајпцинг. Разговаравме со луѓето во клубот и тие се свесни дека Емил во овој клуб пристигна за само три милиони евра, а од него би можеле да заработат барем пет пати повеќе. За Емил преминувањето во Милан би значело остварување на сонот“, изјави Џетинкаја.