Дел од француските медиуми повикувајќи се на шпанскиот „Ел Чирингуито“ кој често пати знае да има ексклузивни информации тврди дека Килијан Мбапе до Реал Мадрид поставил услов кој „кралевите“ го прифатиле.
Наводно, Мбапе од Реал побарал во клубот да биде доведен и неговиот помлад брат Итан Мбапе кој има 17 години.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Итан Мбапе сезонава за ПСЖ одигра само една минута кога влезе на теренот против Мец во завршницата. Натпревар кој францускиот гигант го доби со 3:1.
„Пред неколку дена семејството на Мбапе и самиот Килијан побараа од Реал да го ангажира Итан. Реал се согласи“, објави новинарот Едуардо Инда.
Денеска исто така се појавија информации ПСЖ преку емирот од Катар и францускиот претседател Емануел Макрон ќе го убедува Мбапе да остане, меѓутоа тие информации подоцна беа демантирани (ТУКА).