Дома Фудбал Лига на шампиони Mбапе во Лигата на шампионите сруши рекорд на Меси

Mбапе во Лигата на шампионите сруши рекорд на Меси

Натпреварот ПСЖ – Башакшехир кој во вторникот беше прекинат поради расистички инцидент помеѓу четвртиот судија и Пјер Вебо заврши вчера со победа на ПСЖ од 5:1.

Најзаслужни за оваа победа на ПСЖ беа Нејмар и Мбапе. Нејмар постигна хет-трик, а Мбапе два пати се запиша во листата на стрелци. Со неговиот прв гол од пенал во 42 минута Мбапе стана рекордер во ЛШ и го симна од врвот Лионел Меси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мбапе со 21 година и 355 дена стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал 20 голови во ова натпреварување. Меси кога стигна до бројката од 20 гола имаше 22 години и 266 дена.

Всушност необично е што Мбапе овој рекорд не го сруши и порано. Имено, до 19 голови во Лигата на шампионите стигнап ред скоро една година. Поточно, до утре ќе поминеше цела година (11 декември). Во тој период Мбапе одигра девет натпревари без постигнат гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе неизвесен за „Ел класико“ во финалето на шпанскиот Куп

Фудбалерот на Реал, Килијан Мбапе, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога ќе го …