Дома Фудбал МВР потврди: Едно лице е уапсено за скандалот во Штип!

МВР потврди: Едно лице е уапсено за скандалот во Штип!

Од Министерството за внатрешни работи се огласија по денешниот инцидент во Штип и потврдија дека едно лице било уапсено.

Во соопштението МВР потврди и дека повреди зарабтиле две дечиња кои веднаш биле пренесени во болницата во Штип.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


По расчистувањето на случајот ќе бидат поднесени и кривични пријави.

„Денеска (24.08.2025) во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ ПЛАТИ 20 МИЛИОНИ ЕВРА И ГО НАПРАВИ РЕЗЕРВА. СЕГА Е ВИСТИНСКИ ХЕРОЈ

ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПСЖ станаа победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Во финалето одржа…