
Баерн Минхен неодамна објави дека Џамал Мусиала успешно е опериран и ќе биде отсутен од терените најверојатно до крајот на годината. Поради тоа, минхенскиот клуб има потреба од итно ангажирање на нов играч кој би можел да го замени.
Мусиала се повреди во четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство против ПСЖ, откако се судри со Џиџи Донарума при крајот на првото полувреме, што резултираше со скршеница на ногата.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Младиот германски играч за врска беше итно отстранет од теренот и префрлен во болница, каде беше утврдено сериозно оштетување на зглобот на левата нога.
Откако се врати во Минхен, Мусиала веднаш беше опериран и потврдено е од Баерн дека нема да игра најмалку четири месеци, со очекување да се врати на терените на почетокот на следната година.
Отсуството на Мусиала претставува голем удар за Баерн, кој поради тоа активно работи на наоѓање на соодветна замена.
Германските новинари пишуваат дека раководството на Баерн веќе работи на определување на кандидат кој би можел достојно да го замени.
Според извештаите, Баерн веќе го имаат првиот избор и се чини дека се подготвени да го ангажираат играчот кој се бара.
Станува збор за Чави Симонс од Лајпциг, кој изрази подготвеност за промена на клубот и е воодушевен од можноста да стане дел од редовите на Баерн.
Симонс јасно стави до знаење дека сака трансфер во Баерн знаејќи дека ќе има можност за играње по повредите на Мусиала, како и доволно време да се докаже кај шампионот на Германија.
Холанѓанецот сака да го напушти Лајпциг и затоа што тимот не обезбеди учество во европските натпреварувања следната сезона, иако повикот од Баерн сам по себе е тешко да се одбие.
Германските медиуми известуваат дека контактите веќе се воспоставени и дека Баерн е подготвен да понуди околу 50 милиони евра за Симонс.