Дома Фудбал Мурињо им се налути на новинарите по ремито со Кајсериспор

Мурињо им се налути на новинарите по ремито со Кајсериспор

Фенербахче и Кајсериспор одиграа спектакуларен натпревар од 32. коло на турската Суперлига, кој заврши со резултат 3:3. Домаќините беа големи фаворити, но Кајсериспор, кој од клупата го води Сергеј Јакировиќ, покажа исклучителна борбеност и во судиското надополнување освои вредно бод во борбата за опстанок во лигата.

Фенербахче загуби два вредни бода во потерата по водечкиот Галатасарај и сега заостанува пет бода зад него. Жозе Мурињо не беше задоволен со исходот на теренот и беше прилично нервозен кога одговараше на прашања од новинарите. Особено беше лут кога го прашаа за противничката екипа, на која ѝ недостасуваа многу од основниот тим.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Пак ме прашувате за тоа што им недостасуваше неколку играчи на противникот, зошто ме прашувате за тоа? Дали останатите се можеби деца помлади од 10 години? Па тоа се се професионални играчи! Која е вашата цел?

Имавте три прашања, а двапати ме прашавте за играчите кои им недостасуваат. Тие кои играа наместо нив беа мотивирани. Ако сакате да зборуваме за натпреварот, ајде да зборуваме за натпреварот!”, полуде Мурињо.

Галатасарај е прв на табелата со 77 бодови по 30 одиграни кола. Фенербахче е втор со 72 бода шест кола пред крајот.

Фото: Fenerbahçe/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…