
БЕНФИКА со неверојатна победа од 4:2 на домашен терен против Реал, во последното коло од лигашката фаза на Лигата на шампиони, обезбеди место во елиминациската фаза. Во исто време, Реал го принуди на бараж, откако беше блиску до директно место во следната фаза.
Во последните моменти од натпреварот, победата на Бенфика не беше доведена во прашање, бидејќи имаше водство од 3:2 со два играчи повеќе, откако Раул Асенсио и Родриго добија црвени картони.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Сепак, оваа победа не беше доволна. Поради подобрата гол разлика, Марсеј беше пред Бенфика, па и покрај очигледната победа, Бенфика се наоѓаше на 25-то место на табелата во длабокото продолжение и беше на пат да испадне од Лигата на шампиони.
Поради тоа, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во последниот напад го испрати голманот Анатолиј Трубин напред. Камерите го фатија моментот кога му нареди на голманот да замине пред противничкиот гол.
Фредрик Аурснес изведе слободен удар, а украинскиот голман беше највисок пред голот на Реал и постигна гол со глава, предизвикувајќи вистинска еуфорија на стадионот. Следуваше големо славје на навивачите, играчите и тренерот на Бенфика. Мурињо славеше, како што коментираат љубителите на фудбалот на социјалните мрежи, како никогаш досега. Вирални снимки покажуваат како прегрнува детенце и скока од радост.