
Португалскиот стратег, Жозе Мурињо, одговори на нападот и поднесе тужба против Галатасарај.
Португалецот беше оптужен дека „не го почитува турскиот народ“, според обвинувањата, и дека покажал расизам.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Заради таквите обвинувања, Мурињо доби казна од 4 натпревари суспензија, заедно со парична казна од 42 илјади евра. Како тренер на Фенер, тој одлучи да го тужи Галатасарај поради морална штета и ќе се обиде да добие надоместок од 1.907.000 лири, што се еквивалентни на околу 50 илјади евра.
Интересно, бројот има симболично значење и се однесува на годината кога е формиран Фудбалскиот клуб Фенербахче – 1907.