Дома Фудбал Mурињо по дербито со Галатасарај: Ако судеше Турчин, ќе беше катастрофа!

Mурињо по дербито со Галатасарај: Ако судеше Турчин, ќе беше катастрофа!

Веста дека Жозе Мурињо влезе во соблекувалната на судиите по дербито меѓу Галатасарај и Фенербахче беше очекувана, но епилогот на овој настан беше неочекуван.

Имено, откако Галатасарај и Фенербахче одиграа натпревар без голови, Мурињо одлучи да отиде во соблекувалната на судиите и да поразговара со Славко Винчич.

Поради напнатата атмосфера која долги години владее на дербијата на Галата и Фенер, турската федерација одлучи да доведе странски судија, а изборот падна на 45-годишниот Словенец.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Mурињо, подолго време е незадоволен од судењето во турското првенство, овој пат не дојде да се разјаснува со Винчич, туку му честиташе за одлично извршената работа.

“По натпреварот отидов во соблекувалната на судиите. На Винчич му реков: ‘Ви благодарам што дојдовте и го судевте ова големо дерби’. Таму беше и еден турски судија, а нему му реков: ‘Ако Турчин го судеше ова, ќе беше катастрофа’. Винчич беше праведен во многу тешка средина за судење и е еден од причините што натпреварот беше добар. Се надевам дека турските судии го гледаа ова и дека сами на себе ќе си речат дека отсега треба да судат праведно, за да нема циркус како досега во лигата”, рече Мурињо, чиј Фенербахче заостанува шест поени зад лидерот Галата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај му објави „војна“ на Мурињо – навредите нема да му ги прости!

Фудбалскиот клуб Галатасарај планира да започне кривична постапка против тренерот на Фенер…