Дома Фудбал Мурињо е хит: Преку Инстаграм го провоцираше големиот ривал (Фото)

Мурињо е хит: Преку Инстаграм го провоцираше големиот ривал (Фото)

Ракометната репрезентација на Португалија постигна одличен успех на Светското првенство кое заврши пред неколку дена.

Стигнаа меѓу четирите најдобри репрезентации во светот, односно до полуфиналето каде што отпаднаа од Данска, која на крајот го освои златото.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


The Special One, Жозе Мурињо одлучи да ѝ честита на својата репрезентација на успехот преку неговиот профил на Инстаграм, и тоа го направи во свој стил.

“На Светското првенство во ракомет што заврши во недела, моја Португалија стигна до полуфиналето и сакам да им честитам за тој одличен успех и влијанието што ќе го има врз младината од нашата држава”, стои во описот на објавата.

Овој опис не би бил ништо невообичаен да на објавата има слика од некој од репрезентативците на Португалија или навивачите од претходното првенство.

Сепак, токму сликата е тоа што привлекува внимание. На неа е Давинсон Санчез, играчот на Галатасарај, кој очигледно игра со рака.

По оваа ситуација во казнениот простор немаше досуден пенал против Галата, а Мурињо на овој начин одлучи „да го боцне“ лутиот ривал.

Ова не е прв пат легендарниот тренер да се жали на нивото на судење во Турција, што, рака на срце, е навистина на ниско ниво.

Тимот на Мурињо, Фенербахче, моментално е на второто место во Суперлигата, а пред нив е токму Галатасарај со шест бода повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eкс-фудбалерот на Барса воодушевен од Модриќ: Не постои тактика која ќе го запре!

Капитенот на Реал и Хрватска Лука Модриќ (39) постигна спектакуларен гол за Кралскиот клуб…