Дома Фудбал Мудрик заврши со Челси – го чека повеќегодишна суспензија!?

Мудрик заврши со Челси – го чека повеќегодишна суспензија!?

Според медиумите од Украина, примерок обезбеден од Михајло Мудрик во октомври покажал позитивен резултат на забранета супстанца.

Мудрик, наводно, паднал на допинг тест што би можел да резултира со долга суспензија за играчот на Челси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во извештајот се додава дека Мудрик сѐ уште чека на резултатот од примерокот „Б“ и дали ќе ги потврди наодите од неговиот примерок „А“.

Мудрик, кој се приклучи на Челси речиси пред две години со договор вреден од 62 милиони фунти, би можел да се соочи со долга суспензија ако извештајот од Украина биде потврден.

Пол Погба имаше четиригодишна суспензија за допинг која беше намалена на 18 месеци, по што го раскина својот договор со Јувентус, а со идентична ситуација би можел да се соочи и украинскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен голман на актуелен учесник во Лигата на шампионие сакал да избега од Украина – го фатиле и го испратиле во војна!

Украинскиот портал Sport Arena денеска објави интересни вести за голманот Артур Рудко, кој…