Фудбалерот на Челси и украински репрезентативец Михајло Мудрик (23) падна на допинг-тестот, потврди англискиот клуб. Украинецот е суспендиран на неопределен период, додека не се утврдат околностите и деталите. Мудрик направи и „Б“ примерок и сега чека втора анализа.
Падна на допинг-тестот уште во октомври и не играл од 27 октомври што Челси последните неколку натпревари го оправдуваше со болест. Всушност, Мудрик ги чекаше новите резултати. Ако и тие се покажат позитивни, пред него ќе бидат многу тешки денови. Според правилникот на УЕФА, му се заканува и максимална казна од четири години суспензија што би значело дека нема да го гледаме на теренот до 2029 година.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Мудрик брзо по официјалната потврда се огласи и изјави: „Можам да потврдам дека бев информиран дека примерокот кој го дадов на ФА содржел забранета супстанца. Ова е комплетен шок затоа што никогаш свесно не сум користел забранети супстанции ниту сум нарушил правила и внимателно соработувам со мојот тим за да истражиме како тоа можело да се случи.
Знам дека не направив ништо погрешно и се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот. Не можам повеќе да зборувам сега поради доверливоста на процесот, но ќе го направам тоа штом ќе можам“, заклучи Украинецот.