
Летниот трансфер период кој заврши зад нас беше исклучително интересен и се остварија многу големи трансфери низ цела Европа.
Еден од клубовите кои беа најактивни на трансфер пазарот е актуелниот шампион на Англија – Ливерпул.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Црвените сериозно го засилија својот играчки кадар, па на Енфилд меѓу другите пристигнаа Исак, Вирц, Екитике, Фримпонг, Керкес…
Уште еден од фудбалерите кој беше многу близу до доаѓање во црвениот дел од Мерсисајд е Марк Гехи.
Штоперот на Кристал Палас се договорил со Ливерпул, но трансферот пропаднал во последен момент.
Вирџил ван Дајк така не доби нов партнер во последниот ред, а Гехи засега не направи тој голем напредок во кариерата.
Англичанецот е првото име на Кристал Палас и многумина сметаат дека веќе долго време го прераснал овој лондонски клуб.
Покрај Ливерпул, Гехи се поврзуваше и со други европски гиганти – како Реал Мадрид.
Како што информираат англиските медиуми, 25-годишникот сега им изјавил на своите советници дека сака да премине токму во кралскиот клуб.
Останува да видиме што му носи иднината на овој стабилен стопер, но едно е речиси сигурно – нема уште долго да биде во Кристал Палас.