Компанија Mozzart која е позната по своите општествено одговорни активности, особено во помагање на спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани, продолжува и овој месец со уште една во низата вакви активности.
Во текот на месец август во Скопје, во спортскиот центар Мршевци се одржуваше турнир во мал фудбал, кој традиционално се реализира осма година по ред, а Mozzart се појавија како спонзори и го поддржаа настанот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Големи настани може да бидат организирани само со однапред добро изработен план и сериозни партнери. Оттаму изразуваме огромна благодарност до компанијата Mozzart која ја поддржа нашата идеја за организација на осмиот турнир во мал фудбал “Мршевци 2022” и како еден од генералните спонзори придонесе за подобра организацијата на турнирот. Покрај спортскиот дел, во рамки на настанот имавме и забавен дел со секојдневна музичка програма, дополнително беше организиран и спектакуларен концерт на српската поп рок атракција Амадеус бенд, со што приредивме одлична збава и дружење како за учесниците така и за големиот број посетители. Секако и во наредните години ќе продолжиме со организација на турнирот и се надеваме дека компанијата Mozzart ќе остане наш партнер, а се надеваме и на на подршка од страна на други компании со цел настанот да прерасне во традиција и континуирано да го издигнуваме на повисоко ниво.“ – изјавија организаторите на турнирот.
Овој проект опфаќа спортска активност, дружење и забава, како за учесниците, така и за посетителите кои доаѓаат од целата држава, а во минатите години имале и посетители и учесници од соседна Р. Србија. На турнирот се натпреваруваа 32 екипи поделени во 8 групи, а за најдобрите покрај пехар следуваа и парични награди во вкупна вредност од над 250.000 денари.
„Со задоволство ја поддржавме оваа спортска манифестација која ја имаме помагано и претходно. Дополнително, нашиот промо тим придонесе кон одличната атмосфера меѓу посетителите и подели различни подароци. Се надеваме дека ќе продолжат да ја негуваат традицијата и да го организираат овој турнир и во наредните години.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart.
Победник на турнирот е екипата „Кај Џек“ која минатата година доби комплетно нова спортска опрема од компанија Mozzart во рамки на нивната кампања „Нови дресови за нови шампиони“ преку која со години ги помагаат локалните спортски колективи и донираат спортска опрема.