Регионалниот лидер во приредување игри на среќа Mozzart ја продлабочува својата улога во македонскиот спорт со уште едно партнерство. Компанијата стана нов генерален спонзор на КК ТФТ Скопје, кој во иднина ќе го носи името КК ТФТ Mozzart.
Клубот кој беше формиран како маалски колектив од кошаркарски ентузијасти бележи вртоглав раст. Од година во година резултатите на ТФТ растат, а за уште поголем успех потребни се и повеќе поддржувачи. Mozzart како компанија го препозна проектот КК ТФТ и потпиша договор во следните 18 месеци, до крајот на наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Mozzart како општествено одговорна компанија продолжува со поддршката на македонскиот спорт. Таа сега продолжува до Кошаркарскиот клуб ТФТ. Чест ми е што можам да соопштам дека компанијата Mozzart како регионален лидер во приредување игри на среќа, денеска потпишува договор со ТФТ за бренд спонзорство со што овој клуб ќе го носи името ТФТ Mozzart. Нашето внимание, ТФТ го привлече уште минатата сезона кога во класична ‘Давид и Голијат’ ситуација, го освои Купот на Македонија, со најмал буџет од сите клубови кои претходно стигнале до пехарот во тоа натпреварување. Оваа година е дел од АБА 2 лигата и атакува на двојната круна во Македонија. Го препознавме ТФТ како бренд, се надеваме дека соработката ќе биде долгогодишна и дека заедно ќе се радуваме на големи успеси во иднина“, изјави Кирил Кироски, претставник на компанијата Mozzart.
ТФТ Скопје иако е нов клуб, бележи одлични резултати во мак-кошарката. Веќе минатата сезона беше освоен и првиот трофеј, откако во финалето на Купот беше изненаден големиот шампион МЗТ Скопје. Клубот се натпреварува во АБА-2 лигата, минатата сезона беше дел од проектот на БИБЛ, додека летово играше и квалификации за ФИБА Лигата на шампионите.
„За нас ова е уште еден од големите и важни моменти во кратката историја на ТФТ. Ако досега зборувавме за спортски успеси, ова е прв наш голем договор за логистичка поддршка со една голема компанија. Соработката е договорено да трае во следните 18 месеци, но се надевам дека нема да останеме само на овој период, туку ќе продолжиме и потоа. Ова е голем момент за стабилизација на Кошаркарскиот ТФТ и за можност за остварување на целите. Ја играме петтата сезона во која се натпреваруваме на домашен и меѓународен план и мислам дека зад нас оставаме завидни успеси, но нашите амбиции не застануваат тука. Како клуб настојуваме да оствариме најдобри резултати и дома и во странство. Со потписот на соработката почнуваат многу обврски за нас, на спортски и логистички план, со цел да го претставиме нашиот нов спонзор во најдобро светло. Благодарни сме на сите во Mozzart бидејќи сето она во што верувавме досега, полека се остварува“, изјави тренерот и прв оперативец на клубот, Боро Смилковски.
Пред присутните говореше и еден од легионерите на ТФТ, капитенот Едис Нури, кој заедно со Боро Смилковски ја стартува целата кошаркарска приказна во Тафталиџе пред неколку години.
„Ова е голем ден за нас како клуб, но и за Mozzart како компанија која знае да препознае потенцијал. Иако некои не гледаат како ‘мали’, ние сме клуб со големи амбиции, оваа сезона игравме квалификации за Кошаркарската Лига на Шампиони на ФИБА, дури и го организиравме квалификацискиот турнир што не се случило во кошаркарската историја на Македонија. Благодарност до Mozzart и се надевам дека ова е почеток на една долгогодишна соработка“, изјави Нури.
Mozzart со тоа што стана генерален спонзор на ТФТ продолжи со поддршката на македонскиот спорт. Во рамки на фудбалот, компанијата е ексклузивен бетинг партнер на Академија Пандев, а истовремено го има и најголемото македонско име Горан Пандев како бренд-амбасадор.