Дома Фудбал Мота по елиминацијата од Емполи: Се срамам, се надевам и фудбалерите!

Мота по елиминацијата од Емполи: Се срамам, се надевам и фудбалерите!

Фудбалерите на Јувентус непријатно ги изненадија своите навивачи во Торино и во четвртфиналето од Италијанскиот куп испаднаа од Емполи по пенали. По деведесет и нешто минути беше 1:1, откако Кефрен Тирам го израмни голот на Јусеф Малех, а потоа еден од трагичарите во серијата пенали беше Влаховиќ.

Српскиот напаѓач е во последно време во втор план, но тренерот Тијаго Мота му даде шанса на овој натпревар. Српскиот напаѓач го промаши првиот пенал, додека судбината на Јуве ја потпиша Кенан Јилдиз со ново промашување во четвртата серија.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Тијаго Мота го критикуваше својот тим на прес-конференцијата по натпреварот.

– Чувствувам срам. Првото полувреме го одигравме така, што се засрамив, и се надевам дека и моите играчи се чувствуваат исто. Можеме се да направиме погрешно, но не и со таков став. Погрешив затоа што не ги натерав играчите да ја разберат важноста на овој натпревар и носењето на овој дрес.

Мисли дека навивачите се премногу благи кон клубот споредено со резултатите…

– Не, и се надевам дека критиките се навистина остри. Публиката беше премногу љубезна со нас по она што го видовме во првото полувреме. Се надевам на моментална реакција од играчите. Повторувам, срам ми е од она што го видов денес на теренот, особено во првото полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Липи „удри“ по Мота, па го избра најдобриот италијански тренер

Легендарниот италијански стратег Марчело Липи призна дека имал поголеми очекувања од Тијаг…