Дома Фудбал Момент за историјата: Средбата на Роналдо и Ѓоковиќ (Видео)

Момент за историјата: Средбата на Роналдо и Ѓоковиќ (Видео)

Во Дубаи, во неделата вечер, се одржа настанот Globe Soccer Awards, каде присуствуваа некои од најголемите спортски имиња од светот.

Најголемо внимание привлече појавувањето на Кристиано Роналдо и Новак Ѓоковиќ, двете имиња што заслужено се на врвот кога станува збор за најистакнатите спортисти на сите времиња.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тие двајца се појавија заедно на сцената, каде што Роналдо му го предаде на Ѓоковиќ специјалното признание.

Имено, Ѓоковиќ стана првиот спортист кој ја освои наградата Globe Sports Award, ново додадена награда на овогодинешната церемонија на Globe Soccer Awards.

Оваа награда се доделува за животни спортски достигнувања, и претставува ретка можност да се види овие двајца великани заедно, бидејќи досега немале чести средби.

“Тој за мене е пример за долга и успешна кариера. Имаме слична приказна. Тој ја заслужува оваа награда бидејќи е пример за минатата, сегашната и идната генерација”, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватски голман стана сензација: Еве како се загреа на минус девет степени (Видео)

Ерзурумспор и Чорум одиграа натпревар на -9 степени, а додека останатите играчи се загрева…