Дома Фудбал Модриќ за Милан, Бобан и мистиката на бројот 14

Модриќ за Милан, Бобан и мистиката на бројот 14

Лука Модриќ, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид, премина во Милан, а додека ги постигнуваше успесите во “кралскиот клуб”, чии бои ги бранеше 13 години, носеше “десетка”.

Долгогодишниот капитен на репрезентацијата на Хрватска зборуваше за DAZN пред натпреварот Милан – Лидс во Даблин зошто се одлучи за бројот 14, чиј прв познат носител беше легендарниот Холанѓанец Јохан Кројф.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Првиот број на мојот дрес беше 14. Потоа го задржав кога дојдов во Тотенхем и таму добро играв. Затоа, кога веќе играм со слобода, пак сакав да играм со него. Кројф е симбол на овој број – тој е играчот што ја направи ‘четиринаесетката’ значајна и посебна. Задоволство е да го носам“, објасни 39-годишникот за оваа одлука.

Модриќ потоа зборуваше за почетоците во фудбалот, а некогашната ѕвезда на Милан Звонимир Бобан ја нарече идол.

„Имам скоро четириесет, но и фудбалски соништа. Затоа сум тука, ова ми е сон од детството. Фотографијата од мене како дете во тренерка на Милан е прекрасна успомен и покажува колку е клубот популарен во тоа време, особено во Хрватска. Раснав гледајќи го вашето првенство и ‘росонерите’ ми беа омилени во Италија. Звонимир Бобан играше тука, ми беше идол во детството. Сега сум тука и – како што реков – сакам да освојувам трофеи со Милан“, истакна Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса со пресврт го победи Овиедо

Во натпревар од 6. коло на шпанската Ла Лига, Реал Овиедо ја пречека Барселона, која тешко…