
Лука Модриќ изразил желба еден ден да се врати во Реал Мадрид и да го преземе кормилото на тимот како тренер, известува Defensa Central, портал кој ги покрива настаните поврзани со мадридскиот гигант. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, со воодушевување ја примил оваа идеја, и му порачал на капитенот на Хрватска и вистинска легенда на Реал дека, како и останатите легендарни играчи кои го поминале истиот пат, би започнал во младинскиот погон на клубот.
Модриќ ja започна својата eра во Реал од 2012 година и остана до крајот на минатата сезона, збогувајќи се како најтрофејниот (28 титули) играч на сите времиња. На прагот на неговиот 40-ти роденден, кој ќе го прослави во септември, тој потпиша договор со Милан, продолжувајќи ја својата кариера.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Кога ќе заврши неговата настапна кариера на теренот, тој планира да влезе во тренерските води. Како што самиот изјави при своето збогување со навивачите и клубот, неговото заминување било повеќе како “до скоро” отколку збогум. Defensa Central посочува дека во последните разговори помеѓу Флорентино Перез и Лука Модриќ, Хрватот на претседателот на Реал му ја открил својата желба да стане тренер во иднина.
“Перез му нагласи дека во таков случај, вратите на Реал ќе бидат секогаш отворени за него, за да започне во младинската школа, исто како и други клубски легенди пред него.