Дома Фудбал Модриќ одби понуда од 100 милиони евра годишно – позната е причината!

Модриќ одби понуда од 100 милиони евра годишно – позната е причината!

Лука Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид. Легендарниот Хрват ќе го промени клубот летово и сега е пред одлука каде ќе ја одигра последната сезона од својата кариера. Со години можеше Лука да замине од Мадрид, огромна понуда беше на маса, но Модриќ ја одби.

Соработката на Лука Модриќ и Реал Мадрид заврши по 13 исклучително успешни сезони. Легендарниот Хрват во саботата се прости од Сантијаго Бернабеу, а од дресот на кралскиот клуб се простува на Клупското светско првенство на ФИФА.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


39-годишниот играч од средината имаше желба да ја заврши кариерата во Мадрид. Сепак, клубот реши да не му понуди нов едногодишен договор и Лука заминува.

Модриќ можеше да замине уште летото 2023 година. На маса беше понуда која не се добива често.

„Лука Модриќ имаше понуда од Саудиска Арабија во 2023 година. Му нудеа 100 милиони евра годишно. Реши да ја одбие понудата за да остане и да ужива во играњето за Реал Мадрид”, наведува Ел Чирингито.

Фото: Grok Ai

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…