
Во третиот дел од големото интервју со Лука Модиќ во емисијата “(Не)успех на шампиони: Специјал со Славен Билиќ” која се прикажува на каналите на Арена Спорт, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација отворено зборуваше за моментите кои ја обележија неговата кариера – од улогата на лидер на теренот и односите со поранешните соиграчи, репрезентацијата, до освојувањето на Златната топка.
Зборуваше и за тоа до кога планира да игра фудбал, и конечно ја откри тајната на неговиот долгогодишен успех – одговорот на прашањето: “Како?”. “Во што е тајната на Лука Модиќ?”. Спомена голема љубов и страст кон фудбалот, како и познатиот пенал против Данска на Светското првенство во Русија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во третиот дел од познатата емисија, Славен ја отвори темата за Лука.
“Лидер си на теренот, но не си гласен”. Годината е 2016, по Европското првенство, Дарио Срна беше капитен, и Лука му помагаше. Но, набргу потоа Дарио замина, и Лука ја презеде капитенската лента. Тогаш новото капитенство одлучи да земе работите во свои раце – не само во фудбалска смисла, одлучи да ги реши несогласувањата кои ги имаше со некои играчи – откри во емисијата.
Зборуваше и за тоа како му се припишувало дека е мал, слаб и дека нема да успее, а тој не се чувствувал притиснат да се наметне кога уште не било време за тоа:
“Кога стигнав на тие некои нивоа, пак се зборуваше – но не е лидер, му недостига ова, не е тој ‘вистинскиот’. Но, тоа го имам во себеси, но, во одреден момент, мислиш дека не треба да покажеш за да не ја нарушиш хиерархијата. Се знае кој е капитен и треба да се знае хиерархијата. Сепак, секогаш кога било потребно да се каже нешто – го кажував. Повеќе сакам и секогаш се угледувам на лидери кои водат повеќе со пример отколку со зборови”, рече Модиќ.
Говореше за периодот кога стана капитен на хрватската фудбалска репрезентација и за предизвиците со кои се соочи во почетокот.
Се осврна и на посакуваната атмосфера во репрезентацијата од 2014. до 2016. година која беше подобра, сепак, со некои играчи требаше да ги израмни односите.
“Со некои играчи, со кои сум поминал многу, имав некои мали несогласувања. Дали тоа беше поради мене, нив или некои изјави…”.
Меѓутоа, додаде дека постоеше колективна мисла дека Светското првенство во Русија можеби е последното првенство за таа генерација играчи.
“Прилика на генерацијата каде што можеме да направиме нешто големо. Сите играчи играа во големи клубови и не беа таму само броеви, туку важни протагонисти, играчи на тие големи клубови”.

Осврна се и на односите со Манџукиќ во тој период.
“Со Манџо и јас низ тие години не разговаравме. Односно, разговаравме – но тоа веќе не беше истиот однос кој го имавме пред тоа. На мое инсистирање, пред припремите и натпреварите против Ливерпул и Сенегал – мислам дека бевме во Опатија – разговарав со него. И го решивме проблемот кој го имавме. На крајот тоа беше некоја банална работа… тој проблем го решивме. Тогаш се ослободив, а веројатно и тој. И другата ситуација беше со Чарли, поради некои негови изјави, кои не ги прифатив добро, а за кои не толку разговаравме… и тоа го решивме. Се исчистив од тие маки кои ги живеев во себе и со чиста глава отидов на тоа Светско првенство. И знаев, имав чувство во себе – тоа и Вања може да потврди што ѝ зборував – дека ќе направиме големи нешта на тоа првенство”.
За доаѓањето на Златко Далиќ пред Светското првенство во Русија, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација рече:
“Не го познавав. Но, во првиот разговор со него осетив неверојатно добра енергија. Смиреност од негова страна, мирноќа кога сите бевме под стрес. Праша за мислење – што мислиш како треба да играме, кои идеи ги има – и навистина, еден пријатен разговор. Соработката е феноменална од првиот ден… започна да се создава една добра група. Сепак, се случија припреми во Америка, каде што загубивме од Перу и таму дојде изјавата на Чарли поради која некои од нас сија дефинирале, се вратија во клубови и не играа против Мексико. Тој го рече тоа што го рече, а и знае дека тоа не треба да го рече – но, сето тоа помина и се изглади! Почнаа да се појавуваат повторно некои сомнежи, дека тоа не е таа екипа. Инаку не сум од оние кои прават големи најави… но едноставно имав чувство дека ќе направиме добри нешта. И тоа ѝ го кажав на Вања пред да се вратам повторно во репрезентацијата. И ѝ реков: Ќе видиш, ќе имаме феноменално првенство, ќе направиме нешто големо, ќе бидам најдобриот”.
Голем момент во репрезентативната кариера на Лука беше пеналот против Данска на Светското првенство 2018 година во Русија. Промаши пенал за победа, потоа следуваа пенали, каде што пак пукна, но овојпат постигна гол. Објасни како воопшто собра сила за повторен шут од белата точка:
“Како лидер на тимот мораш да шутираш. Ако кажеш нема да шутирам – веќе си во минус, екипата губи самодоверба. Мислам дека тој натпревар, тие пенали и тој пенал ја покажуваат и опишуваат мојот карактер кога некој ме прашува – каков е мојот карактер, кои се моите подобри страни. Се разбира, тој промашен пенал, бев ‘луд’ што го промашив, бидејќи имав добар осет – но едноставно, промашив. Но, останав мирен колку и да гореше во мене. Ситуацијата не беше како, на пример, против Турција… Во оваа ситуација останав мирен, знаев дека сакам да шутирам пенал – постар сум и сакав да преземам одговорност. Сакав да шутирам бидејќи знам, ако не е така и ако не сум – тоа би бил голем хендикеп за самиот влез во распукување…да се тргне капитенот кога е најтешко. Тој пенал можеби е најважен момент на мојата репрезентативна кариера. Ни во еден момент немав негативни мисли – бев самоуверен дека ќе го постигнам голот”.
Славен додаде како тимот го одигра тој турнир неверојатно, а Лука беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство. На прашањето дали некогаш мислел дека може да ја освои Златната топка, рече:
“Искрено?! Никогаш. Не затоа што не верував дека тоа го заслужувам, туку едноставно, играш во време на две ‘ѕверки’, Кристијано и Меси, кои никому не му дозволуваат да се доближи: со голови, асистенции, трофеи, како и да се заврти. Не ми падна на ум. Секогаш ми беа поважни колективните награди, колективните трофеи пред индивидуалните”.
Сепак, кога дознал дека ја освоил Златната топка, овој голем фудбалер рече дека тоа е еден од најубавите моменти во неговата кариера:
“Кога ќе се погледне кои играчи ја освоиле – и да бидам еден од ‘тие’ е нешто неверојатно”.