Дома Фудбал Модриќ му ‘дојде на нозе’, му го даде светиот дрес и се обидува да го наговори да играат заедно

Модриќ му ‘дојде на нозе’, му го даде светиот дрес и се обидува да го наговори да играат заедно

Модриќ игра фантастично во Милано, иако има 40 години. Хрватот сè уште е на врвно ниво, а на радост на навивачите на Хрватска, ќе игра и на Светското првенство следното лето.

Сепак, во моментот е целосно фокусиран на својот тим, со кој се надева на титула во Италија, а во меѓувреме една фотографија го разбуди интересот на навивачите на славниот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, хрватскиот репрезентативец се сретна со поранешниот соиграч и голем пријател, Серхио Рамос. Искусниот Шпанец во моментов е без договор и претходно се споменуваше дека би можел да дојде токму кај Модриќ во Милано.

За време на деновите за одмор што му ги додели тренерот Масимилијано Алегри, Модриќ го посети Рамос, што некои го означија како можност за “преговори”.

Рамос, кој во моментов е без клуб по искуството во Мексико, објави фотографија од двајцата со урнебесен наслов:

“Секогаш е големо задоволство да те видам, брате мој. За уште вакви моменти.” Лука му подари на Рамос дрес од Милан, а навивачите веруваат дека од сето тоа би можело нешто да произлезе. Рамос има 39 години, но и понатаму, како и Модриќ, би можел да биде многу корисен за екипата на Милано и се уште е во полна сила.

Двајцата со Реал Мадрид освојуваа трофеи долгогодишно, а нивната врска на теренот беше клуч за многу успеси.

Рамос, според последните приказни од трансфер периодот, е на мета гигантот од Милано, додека навивачите се надеваат дека Модриќ можеби токму него се обидува да го наговори да дојде во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговио…