Дома Фудбал Модриќ: Милан мора да се бори за сите трофеи

Модриќ: Милан мора да се бори за сите трофеи

Новиот фудбалер на Милан, Лука Модриќ, кажа на промоцијата во новиот клуб дека „росонерите“ мора да се борат за трофеи и дека седумкратниот првак на Европа не смее да биде задоволен само со пласман во Лигата на шампионите.

Играчот од средниот ред неодамна потпиша двегодишен договор со Милан, а сега изјави дека едвај чека да ги запознае новите соиграчи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Милан е еден од најголемите клубови на светот. Не смееме да бидеме задоволни со просечна сезона или само со пласман во Лигата на шампионите. Мојот поглед кон Милан е амбициозен, но истовремено и реален, мораме да работиме напорно за да го вратиме клубот на врвот. Минималната цел е играње во Лигата на шампионите, но Милан мора да се бори за трофеи. Тоа е мојата цел и тоа мора да биде целта на сите во клубот“, рече Модриќ.

Хрватскиот фудбалер изјави дека Милан отсекогаш му бил омилен клуб во Италија.

„Раснев со италијанскиот фудбал, Милан секогаш ми бил омилен клуб во Италија и беше многу популарен во Хрватска, особено затоа што тука играл мојот идол Звонимир Бобан. Отсекогаш имав посебна врска со црвено-црните бои“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…