Дома Фудбал Модриќ како посредник за доведување на Реаловата ѕвезда во Милан?

Модриќ како посредник за доведување на Реаловата ѕвезда во Милан?

Фудбалскиот клуб Милан има во план да ја искористи легендарната фигура на хрватскиот играч од средниот ред, Лука Модриќ, како клучен човек во обидот да го донесат Андриј Лунин, неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид. Овој чекор доаѓа во време кога се гласини дека извонредниот голман Мајк Мењан може да го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент, бидејќи преговорите за обновување на договорот не се во тек, според информациите од Goal.com.

На францускиот репрезентативец Мајк Мењан му истекува договорот на крајот на сезоната, што значи дека во јануари може да започне преговори со други клубови и да го напушти Милан следното лето без обештетување. Според извори, Росонерите му понудиле продолжување на договорот до 2028 година со зголемување на платата од 2.8 на 5.5 милиони евра годишно, но не успеале да го убедат да потпише. Calciomercato наведува дека не се планирани понатамошни разговори меѓу клубот и голманот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Мењан, според наводите, бара годишна плата од околу 8 милиони евра, што е значително повеќе од тоа што му го нуди италијанскиот клуб. За неговиот потпис сериозен кандидат е Јувентус, како и европски гиганти како Челси, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Бидејќи останувањето на Мењан изгледа малку веројатно, Милан започна потрага по нова ‘единица’. Според Tuttosport, главна цел е украинскиот голман на Реал Мадрид, Андриј Лунин. Calciomercato дополнително наведува дека Реал го проценува својот голман на околу 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Итен состанок во Реал Мадрид – ќе се разговара за иднината на Алонсо!

Реал Мадрид доживеа тежок пораз од Селта на „Сантијаго Бернабеу“ во 16. коло од шпанската …