Дома Фудбал Mодриќ го одигра последниот натпревар за Реал Мадри, заминува како една од најголемите легенди

Mодриќ го одигра последниот натпревар за Реал Мадри, заминува како една од најголемите легенди

Капитенот на хрватската репрезентација и најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, синоќа го одигра својот последен натпревар за кралскиот клуб во соочувањето со ПСЖ (0:4).

Во текот на 13-те сезони што ги помина во Реал, Модриќ успеа да освои сè што може да се освои, стекнувајќи дури 28 трофеи и станувајќи најтрофејниот играч во историјата на овој славен клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со своето однесување и исклучителна фудбалска интелигенција, техника и визија, тој успеа да ги освои срцата на навивачите и стана симбол на клубот.

Носејќи го дресот на Реал, Хрватот освои шест титули од Лигата на шампионите, четири првенства на Шпанија, две титули во Купот на кралот, пет шпански Суперкупа, пет европски Суперкупа, пет Светски клупски првенства и еден Интерконтинентален куп.


Во дресот на Реал Мадрид, Модриќ има постигнато 597 настапи, со 43 гола и 95 асистенции.

Интересно е што тој стана најстариот играч што одиграл натпревар за Реал, најстариот играч што постигнал гол и најстариот играч што асистирал за мадридскиот клуб.

Според сите достапни информации, очекува се дека наскоро ќе потпише договор со италијанскиот Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…