Дома Фудбал Модриќ го избра неговиот омилен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“

Модриќ го избра неговиот омилен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“

Лука Модриќ се збогуваше со обожавателите на Реал Мадрид откако ја одигра својата последна средба на „Сантјаго Бернабеу“. Помина низ „шпалирот“ што му го приредија соиграчите, ја напушти тревнатa површина во 85. минута од натпреварот против Реал Сосиедад, со овации од трибините и благодарност од обожавателите за сè што направил за клубот од неговото пристигнување во 2012 година.

Капитенот на мадридскиот гигант ќе одигра уште неколку натпревари за клубот, но далеку од навивачите кои вчера беа присутни на стадионот. Ќе ги одигра во Соединетите Американски Држави каде што од 14 јуни до 13 јули ќе се одржи Светското клупско првенство. Тоа ќе му биде можност да ја збогати својата богата ризница со освоени трофеи, додавајќи го 29-тот во дресот на Реал.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вчерашниот натпревар му беше 591-ти за Реал. При збогувањето со навивачите, избра и омилена средба што ја одигра на Бернабеу. Станува збор за натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите во 2022 година. Реал Мадрид беше поразен со 0:1 во Париз против ПСЖ во првиот натпревар, а потоа губеше со 0:1 и во Мадрид. Сепак, со хет-трикот на Карим Бензема, остварија вкупна победа од 3:2 на патот кон титулата. Модриќ шест пати ја има освоено Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Фото: Grok Ai

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан спрема трансфер „бомба“

Бернардо Силва неодамна даде на знаење дека би можел да го напушти Манчестер Сити по истек…