
Трансферот на хрватскиот ветеран, Лука Модриќ, во тимот на италијанскиот гигант Милан на крајот од неговата четврта деценија за многумина претставуваше изненадување, но завршниот ас на Реал Мадрид имаше јасни намери кога го прифати неочекуваниот повик од „Сан Сиро“.
Многумина очекуваа дека Модриќ, откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со кралскиот клуб, ќе се упати кон МЛС лигата или популарната Саудиска Арабија, но хрватот се одлучи за трансфер во вториот најтрофеен клуб во Лигата на шампионите.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Дека не сака само да биде дел од тимот на Милан, посведочуваат и зборовите на новиот спортски директор, Игли Таре, кој откри што го прашал Лука прво при преговорите.
“Тој е многу влијателна личност во светот на фудбалот и разговаравме многу лично. Гладен е за титули и сака да игра на највисоко ниво. Тој ќе биде клучна фигура за помладите фудбалери, но нема да биде сам, туку со еден или двајца соиграчи ќе го балансира младиот тим на Милан”, откри Таре.
Од оваа перспектива, интересно е да се забележи дека Модриќ доаѓа во тимот на седумкратниот европски шампион, така што е јасно дека двете страни се вистински избор еден за друг.
“Првото прашање кое ми го постави се однесуваше на тоа дали ќе формираме тим кој ќе се бори за титулата. Тој доаѓа овде со седум титули од Лигата на шампионите и сака да биде клучна фигура на новиот проект. Исто така, му е важно да има успешна сезона, бидејќи следното лето се одржува Светското првенство”, заклучи Таре.
Фото: Real Madrid/X