Дома Фудбал Модриќ добива пораки од сите страни, но една посебно се издвојува…

Модриќ добива пораки од сите страни, но една посебно се издвојува…

На Лука Модриќ може да му треба време колку што има титули во Лигата на шампиони за да ги прочита сите пораки што ги доби по одлуката да замине од Реал Мадрид, но една порака се издвои…

Пораката пристигна директно од Серхио Рамос, кој е на далечина во Мексико.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Со заминувањето на Лука, Реал Мадрид се простува од генијалец, пријател, брат – фудбалер кој ја издигна играта во вистинска уметност“,

„Тој е еден од оние играчи што го исполнуваат стадионот до последното место, а кога ќе излезе на теренот, светот замижува пред екраните. Играјќи покрај него, човек го чувствува неговиот извонреден квалитет – и на теренот и надвор. Привилегија е да го наречеш свој пријател. Од сега па натаму, рефлекторите на ‘Бернабеу’ нема да светат за тебе на теренот, но твоето име ќе остане запаметено во историјата на Реал Мадрид, покрај најголемите“, продолжи Рамос, долгогодишен капитен на Мадридскиот клуб, и заклучи:

„Брату, ние, мадридистите, имаме само еден збор за тебе: БЛАГОДАРНОСТ. Со среќа во новото поглавје на твојот живот. Сигурен сум дека секогаш ќе бидеме со тебе“, се вели во пораката што завршува со:

„Твојот Чуру, кој те сака многу, мој Лукита“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…