Дома Фудбал Модриќ сака нов договор, a конечно пристигна одлуката на Реал: Повеќе ништо не е тајна!

Модриќ сака нов договор, a конечно пристигна одлуката на Реал: Повеќе ништо не е тајна!

Лука Модриќ никогаш не криеше дека сака да остане во Реал Мадрид до крајот на кариерата. На 39 години, јасно е дека неговиот фудбалски пат се ближи кон крајот, но Хрватот не мисли да запре.

Во септември, Модриќ ќе има 40 години, баш на почетокот на сезоната 2025/26. Капитенот на „Кралевите“ одигра повеќе од 550 натпревари за најголемиот и најтрофејниот клуб на светот, но медиумите долго време го „испраќаат во пензија“, иако тој упорно останува и продолжува да ги обновува договорите.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Карло Анчелоти дури сака да го има како стартер и планира да го користи и во оваа и во следната сезона. До крајот на сезоната хрватскиот репрезентативец има договор, но што потоа? Во изминатите месеци се креираа разни приказни и пишуваа секакви сценарија.

Додека се знае ставот на Лука, одлуката на Реал не беше позната, барем не до вечерва. Новинарот Екрем Конур од „Caught Offside“ го потврдува планот на Модриќ да остане во Реал до летото 2026 година, но додава дека сега се знае и што планира Реал.

Според зборовите на споменатиот новинар, во Реал Мадрид го сметаат за позитивно тоа што „39-годишниот хрватски капитен ќе остане во екипата уште една година“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Јован Манев се врати во Хрватска

Репрезентативецот на Македонија, Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во Хрватска каде што…