Дома Фудбал Moдриќ продолжува да испишува историја: Го надмина Раул, следен е Бензема, само Касиљас е недостижен?

Moдриќ продолжува да испишува историја: Го надмина Раул, следен е Бензема, само Касиљас е недостижен?

Лука Модриќ продолжува да испишува историја во Реал Мадрид.

Вчера вечер Хрватот го одигра 131 натпревар за Реал Мадрид во Лигата на шампионите, со што го престигна Раул Гонзалез.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


На листата на играчи со најмногу настапи во Лигата на шампионите во дресот на Реал Мадрид, прв е легендарниот Икер Касиљас, со 150 натпревари, додека втор е Карим Бензема. Модриќ го одигра својот 131 натпревар, а зад него се Раул Гонзалез со 130 и Серхио Рамос со 129.

Тоа значи дека Модриќ ќе го надмине и Бензема ако Реал Мадрид го елиминира Атлетико и се пласира во следната рунда.

За да го стигне Касиљас, Модриќ ќе треба да остане во Реал и следната сезона, но за сега не е познато дали ќе потпише нов договор.

Модриќ има договор до 30 јуни оваа година, а за сега се уште има големи шанси да потпише последен договор до летото 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо се огласи за обвинувањата за расизам: Нема да се спуштам на нивно ниво

Португалскиот тренер Жозе Мурињо даде големо интервју за англискиот Sky Sports, во кое збо…