Дома Фудбал Лига на шампиони Moнтела за Санчез: Како ќе го запреме? Можеби да го „убиеме“?

Moнтела за Санчез: Како ќе го запреме? Можеби да го „убиеме“?

Тренерот на Севиља Винчецо Монтела беше прилично духовит на денешната конференција пред утрешниот натпревар од 1/8 финалето помеѓу Севиља и Манчестер Јунајтед.

Монтела со Севиља ќе се обиде да направи изненадување и да го елиминира Манчестер Јунајтед, а еден од главните фудбалери на „ѓаволите“ ќе биде новото засилување Алексис Санчез.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поранешниот тренер на Милан на конференцијата зборуваше токму за Чилеанецот.

„Хм, можеби да го убиеме или срушиме на тревникот, така нешто? Добро се сеќавам на Санчез уште од времето кога настапуваше во Италија. Навистина е одличен играч кој знае да пронајде празен простор и да направи соло продор“, изјави Монтела.

Пол Побга е под знак прашалник, но според последните информации Французинот ќе го видиме на теренот.

„Тој е комплетен игра, голгетер и добар техничар. Пред Нејмар беше најскап во историјата. Се надевам дека нема да игра“.

„Возбуден сум пред утрешниот натпревар. Мораме да бидеме спремни, физички и психички. Тоа ќе биде одличен натпревар“, заврши Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јирген Клоп ја соопшти одлуката за иднината – конечно се решени сите мистерии

Легендарниот германски тренер Јирген Клоп ја заврши приказната за преземањето на Реал Мадр…