Дома Фудбал Мојс призна: Евертон е далеку од нивото на Ливерпул

Мојс призна: Евертон е далеку од нивото на Ливерпул

Во сенка на натпреварите во Лигата на шампионите, вечерва во Ливерпул ќе се одигра градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул на „Гудисон“.

Ова ќе биде последниот дуел на овие тимови на култниот стадион, бидејќи „карамелите“ од следната сезона преминуваат на нов стадион, а станува збор за заостанатиот натпревар од 15. коло на Премиер лигата.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Ливерпул е лидер на табелата со 56 поени, со +6 во однос на Арсенал, и јасно е дека со победа и девет поени предност ќе направи голем чекор кон шампионската титула.

Евертон доби нова енергија со враќањето на клупата на Дејвид Мојес, врза три победи во лигата, избега на девет поени од опасната зона и навивачите се подготвени повторно да го расплакаат најголемиот ривал, исто како минатиот април, кога на „Гудисон“ беше 2:0 за „карамелите“.

Да бидеме реални, разликата помеѓу двата тима во моментот е голема, постои разлика и сите се свесни за тешкотиите низ кои минува Евертон. Ќе ни треба време да почнеме да се приближиме кон Ливерпул“, изјави Мојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…