Дома Фудбал Многумина се изненадени: Ова се најдобрите пет фудбалери во историјата за Модриќ – немаше место за Роналдо и Меси!

Многумина се изненадени: Ова се најдобрите пет фудбалери во историјата за Модриќ – немаше место за Роналдо и Меси!

Легендарниот Лука Модриќ во интервју за шпанските медиуми ги издвои петте најголеми фудбалски ѕвезди на сите времиња.

Иако многумина очекуваа дека на оваа листа ќе се најдат имињата на Лео Меси и Кристијано Роналдо, тоа не беше случај.

Капитенот на хрватската репрезентација и играч на Милан ја започна својата селекција со легендарниот Диего Марадона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“Во оваа група се исто така Франческо Тоти, бразилецот Роналдо, Звонимир Бобан, кој ми беше идол, и секако Зинедин Зидан”, изјави Модриќ.

Да потсетиме, Модриќ летово го напушти Реал Мадрид по 12 години и потпиша за Милан, каде што продолжува да игра на извонредно ниво.

Италијансците неодамна и го прогласија за најдобар играч во Серија А за месец септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо: Ова со Винисиус не треба да се повтори

Чаби Алонсо се враќа емотивно на “Енфилд”, каде што изгради кариера како фудбалер на Ливер…