Дома Останати Кошарка Mногумина се фатија за глава: Јокиќ во драматичниот финиш со Оклахома погоди луда тројка (Видео)

Mногумина се фатија за глава: Јокиќ во драматичниот финиш со Оклахома погоди луда тројка (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс се најдоа на работ на елиминација од плеј-офот на НБА лигата, откако ноќеска го запишаа и третиот пораз во серијата против Оклахома Сити Тандер, а Никола Јокиќ не можеше речиси сам да му донесе победа на својот тим.

Јокиќ блесна со 44 поени и 15 скока, но тоа беше доволно само да обезбеди драматичен крај на натпреварот, сепак поразот за Денвер беше неизбежен.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Финишот на натпреварот го одбележа и една од „најлудите“ тројки во кариерата на Јокиќ, бидејќи на неверојатен начин погоди за изедначување минута и 40 секунди пред крајот.

Тогаш Јокиќ направи пируета и од вртење погоди преку раката на својот чувар, при што ги остави во неверување соиграчите кои се фатија за глава.

На крајот неверојатната партија на Јокиќ не беше доволна да му донесе победа на Денвер и предност во серијата, бидејќи сега Оклахома води со 3:2.

Серијата се префрла во Денвер, каде што Нагетсите ќе се обидат да се спасат од елиминацијата и да изборат седми натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легенда тврди: Јокиќ во 90-тите сигурно не би доминирал во НБА!

Еден од најдобрите крилни играчи во историјата на кошарката, Скот Пипен, во нтервју за „Ма…