Дома Фудбал Mногумина нема да се согласат со Турам: Двајца Французи се подобри од Јамал

Mногумина нема да се согласат со Турам: Двајца Французи се подобри од Јамал

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, изјави дека Ламин Јамал не е најдобриот фудбалер во светот.

Синоќа видовме мајсторија од Маркус Турам уште во првата минута од натпреварот против Барселона, кога со пета го доведе својот тим во водство на “Монжуик”. На крај – 3:3. Спектакуларен натпревар кој можеше да отиде на било која страна, но впечатокот е дека вака е најправедно, бидејќи – ќе гледаме спектакл и во Милано.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Французинот одигра добар меч, но изјавата после него не беше најобјективна што можеше да се слушне. Дебатата за најдобриот фудбалер во светот во овој момент е многу атрактивна тема, но се чини дека Тирам ја релативизираше.

На прашањето дали Ламин Јамал е моментално најдобриот играч во светот, тој одговори:

“Не… Најдобриот играч во светот е Французин. И вториот исто така! После тоа оди Ламин Јамал. Двајцата најдобри се Дембеле и Ембапе”, рече Тирам.

Да се праша човек каде се во тој избор Рафиња или Мо Салах?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона ги потврди лошите вести за Кунде

Францускиот дефанзивец Жил Кунде е еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона, …