
Федерико Валверде зборуваше за неговиот фудбалски пат, доаѓањето во Реал Мадрид, прекарот од детството…
„Пекарот од детството ми беше ‘птичка’. Така ме викаа тренерите, бидејќи постојано бев во движење. На мојот татко тоа не му се допаѓаше, но јас го прифатив. Сега, пак, сум ‘сокол’, бидејќи сум поагресивен“, започна Валверде разговорот за подкастот „Терапиа Пиканте“ и продолжи:
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Кога дојдов во Реал, чувството ми беше крајно непријатно. Не знаев што правам таму. Се сеќавам кога дојдов на паркингот и видов какви автомобили управуваат моите соиграчи, и тоа не од Реал Мадрид, туку од другиот тим – Кастиља, целосно се скршив. Сите имаа скапа облека. Да бидеме јасни – не бев сиромашен тогаш, бидејќи играв за Пенарол во Уругвај, но сепак, тоа беше сосема друго ниво за мене.“
Феде откри дека мислел дека клубот ќе го отпушти кога го повредил Лука Зидан, некогашниот голман на Б тимот на Реал, и син на легендарниот Зинедин.
„Повредив еден или двајца голмани тогаш. И сето тоа поради моите удари. Не знам од каде ми доаѓа така силен удар, бидејќи имам навистина слаби нозе. Во секој случај, го повредив и Лука. Бев очаен тогаш… Мислев дека ќе ме отпуштат.“