Дома Фудбал Миовски вечерва ќе истрча со специјални копачките – во чест на жртвите во трагедијата во Кочани! (Фото)

Миовски вечерва ќе истрча со специјални копачките – во чест на жртвите во трагедијата во Кочани! (Фото)

Вечерва Македонија го игра натпреварот против Велс во рамките од второто квалификациско коло за Светското првенство.

На овој натпревар нашиот напаѓач Бојан Миовски ќе настапи со специјално дизајнирани копачки и истите ќе ги носи во чест на жрвите во трагедијата во Кочани.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Секој човек има своја приказна и секој човек има свое животно патување. Навраќајќи се во моето детство додека ги држев моите први копачки, се сетив дека кажав нешто што длабоко посакував:
„Еден ден со цело срце ќе играм за мојата земја“ и еве ме, по многу години, играм за Македонија, мојата земја, бисерот на Балканот.
Овие специјализирани копачки имаат исклучително значење, со свето нешто – моето национално знаме и иницијалите на моето семејство.. 🇲🇰
На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година, за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства.
Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, објави Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изгледа страшно и моќно: Халанд на тренингот на Манчестер сити се појави со „ѕвер“ вреден 250.000 евраа

Норвешкиот напаѓач и голема ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пристигна на еден од …